Женското претприемништво е иднина за нови работни места

Bez autora
Feb 13 2013

Младата македонската жена не може да стане бизнисмен, бидејќи нема социјална поддршка. Таа мора сама да ги одгледува своите деца, да седи дома и да ја поддржува фамилијата. Ова меѓудругото беше речено на вчерашната трибина "Женското претприемништво" што се одржа во Велес, а во организација на македонското здружение на бизнис-жени. До вакви поразителни заклучоци за Македонија дошол Центарот за полова еднаквоста од Загреб од тригодишното истражување на терен. Следењето на оваа состојба со женското претприемништво ги поттикнала светската финансиска криза. На трибината беше речено дека поголем број жени во бизнисот во голема мерка можат ја подобрат економската слика во земјата.

Женското претприемништво е иднина за нови работни местаМладата македонската жена не може да стане бизнисмен, бидејќи нема социјална поддршка. Таа мора сама да ги одгледува своите деца, да седи дома и да ја поддржува фамилијата.

Ова меѓудругото беше речено на вчерашната трибина "Женското претприемништво" што се одржа во Велес, а во организација на македонското здружение на бизнис-жени. До вакви поразителни заклучоци за Македонија дошол Центарот за полова еднаквоста од Загреб од тригодишното истражување на терен. Следењето на оваа состојба со женското претприемништво ги поттикнала светската финансиска криза. На трибината беше речено дека поголем број жени во бизнисот во голема мерка можат ја подобрат економската слика во земјата.

- Во секој сектор жената би можела да најде свое место. Она што сакаме е преку овој проект е да ги зајакнеме женските организации и нивните мрежи и да создадеме платформи на ниво на секоја држава која всушност ќе биде партнер на Владата за создавање на подобра политика, поголема можност за подобро финансирање на жената, подготовка на стратешка програма и обука на жените. Се надеваме дека ќе имаат корист од тоа директно - рече Мери Ен Рукавина Ципетиќ.

Партнер во проектот е и македонското здружение на бизнис-жени. И тие сметаат дека потенцијалот кај македонската жена не е искористен.

- Сакаме да го смениме тоа, што значи жената може да почне сопствен бизнис веднаш по школувањето за да може да го изнесе тоа што го научила и да го спроведе на дело - рече Валентина Дисовска од Здружение на бизнис-жени.

За да се подобри сликата и жената да стане рамноправен партнер во бизнисот потребна е поддршка од сите локални и државни институции.

- За општина Велес подобро е да има повеќе жени во претприемништво. Затоа е добро преку вакви работилници да се разменат искуства. Ние во целост ќе го поддржиме проектот со цел што побрзо да се имплементира - рече Горан Петров, градоначалник на општина Велес.

Проектот Женско претприемништво" се спроведува во девет земји кои се соочуваат со ист проблем, неискористен потенцијал на жената во бизнисот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik